речник контакт

ЕКСКЛУЗИВНО ТРМР открива: Прата регата по Вардар тргнала август 1953-тата

Ја сочинувале седумина младинци од Велес на 16-17 годишна возраст

Петар Печков

Пловењето  од Велес  по Вардар имало долга  традиција, започнале Гемиџиите, кои со чунови ја пренесувале робата за Солун. Инспирирани од оваа активност, многумина велешани од 70-тите години на минатиот век и подоцна се обидувале да ја обноват традицијата и да запловат по  Вардар.

Актуелната Вардарска регата, која годинава се вози по 17-ти пат е возобновена во 2010-тата, започнала во 80-тите години, но со прекини сепак таа успеа да опстане до денес.  Трагајќи по почетоците, ТРМР  стигна  до првите велешани  кои имале храброст и пред повеќе од шест децении запловиле по Вардар.

Благодарејќи на сеќавањата на еден од живите учесници Ване Ванов, велешката  јавност дознава за тоа што се случувало летото 1953-тата година, кога прв пат се пуштиле по реката, полни со младешки елан и занес.

Бевме седумина школски другари, на 16-17 годишан возраст. Тоа време  кој 4-ти кој 5-ти клас средно.  Сакавме со кајаци да пловиме по Вардар до Гевгелија. Имавме пловено од Скопје до Велес претходните две години, но ни се јави желба да пловиме на подолга патека. Кога можеле старите велешани да носат стока по реката, зошто и ние да не пробаме, да кајакариме. Така и бидна - вели Ване Ванов денес на 78 годишна возраст, сега жител на Скопје.

 Седуммината велешани кои  запловиле во Вардар се со име и презиме се: Драган Мурџев, Димитар  Мимов, Ване Ванов, Малекин од Црна Џамија(доколку некој го знае името нека го пише во порака), Атанас Парталиев, Андреја  Стојанов, Благој Тодоров железото.  Тргнале во средината на август од под Железен мост. Пловеле со кајаци македонско производство, мејд ин ,,Треска,, именувани ,,вардарец,, и ,,вардарец 1,,.     Пловеле три дена првиот до  Градско, вториот до Демир Капија и третиот ден до Гевгелија.

Имавме младешки ентузијазам и сакавме да пловиме  до Солун. Ама и тие години,средината на 50-тите Грците не не мирисаа и не ни дозозволија да продолжиме до Гевгелија натаму. Така беше и следните години. Ни остана пуста желба да отидеме со кајак до Солун ама не се случи - додава Ване.

Во тоа време на Дојран имало позната езерска  регата, слична како Орхдиската и сите тие од Гевгелија продолжувале во Дојран таму учествувале на регата и потоа со воз  од Гевгелија  со кајаците, назад дома за Велес Ванов бил неколку години македонски првак  во кајак на мирни води на спринг на илјада метри. Биле поддржани од Народна техника  на Велес и кајак клубот Бабуна. Храната  им ја  обезбедил велешки Црвен крст.

Со нас носевме само едно ранче полно со алишта, гаѓи, маици ако се наводениме да се пресоблечеме. Храна имаве од УНРА, американска помош, труманови јајца, тие беа во прав, млеко во прав, се во прав. Ама вршеше работа. За вода  немавме гајле, ја пиевме од  реката Вардар, толку беше чист, мака немавме.  Имаше доста Турски села по Вардар, ќе им побаравме карпузи и даваа веднаш големо парче лубеница, ама ако се обидеш да крадеш и ќотекот може да го добиеш- објаснува Ванов.

Тој живо преку неговите сеќавања кои се свежи, како вчера да било потсети на првиот обид по затворањето на пловниот дел на Вардар, користен од  гемиџиите при крајот на 19-тиот век, за нивниот пионерски  обид кој траел четири години, 53-та,54-та, 55-та и 57-ма, со кајкак да пловат по Вардар. Тие се првите продолжувачи на традицијата на ,,гемиџиите,,.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »